Културниот центар „Кула“ организира изложба на дела кои се изработуваа за време на работилницата за ленд арт. Производите од работилницата која се одвиваше од 13 до 14 јуни во Китка, може да се погледнат на 3 јули (петок) со почеток во 20 часот. Изложбата на делата ќе биде во форма на фотографии и видеа од инсталациите кои се изработија во текот на престојот во Китка.
Ментори на оваа работилница беа Марко Јанев, Филип Векловски и Никола Анѓеловски, а учесници во истата беа: Сања Симоска, Јасмина Трпевска, Љупчо Костовски, Кристијан Крстевски, Христина Гогу, Деа Беатовиќ, Даниела Јамандиловска , Даниела Велкоска, Наташа Пецева, Наташа Неделкова, Амир Карахасан, Илина Поповска, Злата Голабоска, Бобан Доцевски, Марија Николовска, Ана Бахчеванџиева, Јована Ристиќ, Филип Ивановски, Стефан Николовски, Сузана Плачкова, Ивана Мирчевска и Филис Синаноска.
Делата кои се изработуваа беа создадени исклучиво од природни елементи со минимални интервенции од додатни материјали.
На фотографиите ќе имате прилика да погледете инсталации, скулптури, дела налик на тотеми и сл. Целта на работилницата и нејзиниот креативен продукт демонстрира дека природата е уметност сама по себе, а ние како нејзини двигатели посредуваме со екстремна едноставност на елементи и форми. На тој начин создаваме симбиоза помеѓу делото и природата, што е целна мисла на овој проект – се вели во соопштението на „Кула“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.