В недела, на 27 декември ќе се одржи третото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“ соопштија од центарот за култура „Кула“. Како и претходните две години фестивалот ја задржува истата локација во подземните гаражи кај Плочник.
„Старата, веќе проверена локација, гаражите кај плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности – министерски журки и хамбургери. Претстава, нови бендови, видео енд саунд инсталации, скулптури и спејс инсталации се само дел од програмата, која ќе ја проследите заедно со силната предновогодишна еуфорија“ велат од Кула.
Во 20 часот ќе има претстава на студенти од ФДУ ,,Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел”, потоа ќе има аудио-визуелна интерактивна инсталација на Сашо Пуцковски, од 22 часот е Љупа и Кико (Јас и ти) и од 23 часот TV Rage.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.