Во културнииот центар „Кула“, вечерва, 5 феврури, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржат грчкиот бенд Астреј и скопскиот музичар и ди-џеј Б.Атл.
Астреј е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 година во Солун. Во 2013 година го издаваат своето прво и-пи издание и во 2016-та година прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на Cathedral, Orange Goblin, Kyuss, Black Sabbath…
Б.Атл е скопски ди-џеј познат по неговите експериментални музички вечери во Ла Кања. Напоредно со неговиот ди-џеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним.
Како предконцертно загревање за Астреј, Б.Атл ќе ја отвори вечерта во Кула со неговиот настап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.