| четврток, 6 декември 2018 |

Меси 3 + Ди Марија 3 = Аргентина – Парагвај 6-1

Лионел Меси со 3 асистенции и Анхел Ди Марија со два гола и една асистенција блескаа во победата на Аргентина против Парагвај со 6-1 во полуфиналето на Копа Америка.

Меси и оваа генерација на „гаучосите“ повторно ќе имаат шанса да освојат трофеј и да го прекинат проклетството што трае од 1993 година, кога за последен пат се радуваа на пехар.

Рохо и Пасторе на асистенции на Меси во првиот дел и донесоа на Аргентина предност од 2-0, а Бариос намали во финишот на полувремето.

Палката од Меси на стартот од вториот дел ја презеде Анхел Ди Марија и со два гола ја завери победата на фаворитот. Потоа и му асистираше на Агеро за 5-1, а Игуаин на додавање на Меси уште еднаш ја тресеше мрежата на Вилјар за финале против Чиле.

arge

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top