| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Кризата во Грција ќе влијае на растот во Европа

obama

Кризата во Грција не треба да биде премногу експонирана во САД, бидејќи нема да доведе до „голем удар на системот“, изјави Барак Обама на заедничката прес-конференција со бразилската претседателка Дилма Русеф.

Обама, меѓутоа, додаде дека проблемите на Грција ќе имаат големо влијание врз економскиот раст во Европа и оти ситуацијата е многу болна за грчкиот народ.

Тој изрази уверување дека може да биде постигнат целосен договор со Иран за неговата нуклеарна програма. – Од друга страна, меѓу „САД и Иран има големи разлики, кои не е можно да бидат надминати за една ноќ“, рече Обама.

Претседателот на САД додаде дека ако не може да се склучи добар договор, ќе ја напушти масата на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top