| четврток, 6 декември 2018 |

На местотo на авионската несреќа во Индонезија пронајдени 90 тела

индо

На местото на авионската несреќа во Индонезија пронајдени се 90 тела, а досега се идентификувани 23, соопшти полицијата.

Во авионот имало војници и нивните семејства, како и деца. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата и во текот на ноќта. Местото на несреќата е осветлено со големи рефлектори.

Во авионот на индонезиските военовоздухопловни сили, што денеска се урна во Суматра, имало 113 луѓе. Во авионот „Херкулес Ц-130“ имало 101 патници и 12 членови на екипажот, кога се урнал и експлодирал во населеното подрачје на градот Медан.

Авионот се урнал врз новоизграден станбен кварт неколку часови по полетувањето и не се знае колку луѓе имало во зградите во моментот на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top