| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров и Кери се договорија за почести консултации меѓу Русија и САД

лавров
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска имаа двочасовна средба во Виена, на маргините на денешните преговори за иранската нуклеарна програма,  јави ТАСС.Лавров и Кери се договориле за поблиски и пообмислени контакти меѓу Русија и САД за Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Григориј Карасин и помошникот-државен секретар на САД, Викторија Нуланд за десет дена ќе имаат средба посветена на украинската криза.

Лавров денеска истакна дека Москва и Вашингтон набрзо ќе имаат консултации за проблемот со Исламска држава.

– Борбата против џихадистичката група бара поголеми колективни акции, вклучително и взаемно разбирање со САД – истакна Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи изрази увереност дека преговорите за иранската нуклеарна програма напредуваат и оти е можно постигнување на конечен договор. Првенствено остануваат процедурални, а не технички прашања, наведе Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top