| четврток, 6 декември 2018 |

Виенски „Стандард“: Косово и Црна Гора модел за Грција

евро грцијаЕдностраната евроизација која ја спроведоа Косово и Црна Гора, кои не се дел од еврозоната и системот на Европската централна банка, може да е теоретскиот модел за Грција по излегувањето од еврозоната, анализира австрискиот „Стандард“. Весникот го пренесува Кујтим Добруна од Косово кој вели дека едностраната евроизација донела голема стабилност на цените и го минимизирала ризикот од курсни разлики. Негативната страна е тоа што Косово не располага со ниеден инструмент на монетарната политика. За мали економии како што се Косово и Црна Гора, има смисла да постои фиксен курс кон еврото, заради ограничените можности за водење монетарна политика.

„Стандард“ потсетува дека двете земји во 2002 година се евроизирале откако граѓаните изгубиле доверба во Динарот заради високата инфлација. Добруна додава дека во Косово прво е заменет со германската Марка и дека се подразбирало дека ќе се воведе Еврото кое се користи во Монако, Андора, Сан Марино, Ватикан и во француските прекуокеански територии. За разлика од Црна Гора, Косово има договор со Европската централна банка за нејзината евроизација.

Германската Бундесбанка на прашањето на Стандард соопштила дека не била вклучена во воведувањето на еврото во Косово, додека за случајот со Црна Гора воопшто не коментирала. Но, затоа германската банка посочила дека Австрија има централна улога во евроизацијата во двете балкански држави како и дека се уште има важна улога во тоа. „Според нашите информации првата достава, како и тековното снабдување и повлекување се случило преку австриската банка. Оа подразира и замена на старите апоени и монети“ потенцираат од Дојчебанк.

Од Националната банка на Австрија за Стандард потврдиле дека Австрија врши извесно снабдување, но преку австриските комерцијални банки.

euroВо светскиот монетарен систем формирани се два важни монетарни блока- доларски и евроблок, наведува „Стандард“. Во европскиот покрај земјите од еврозоната се и државите кои го фиксирале курсот на своите валути кон еврото. Такви се Данска , Бугарија, Македонија, БиХ, додека Хрватска привремено ја стабилизирала својата валута кон еврото. Кон 59-те држави кои влегуваат во еврблокот се и неколку афрички држави кои до средината на 20-тиот век зависеле од државите кои денеска припаѓаат на монетарната унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top