| четврток, 6 декември 2018 |

Младите Грци за референдумот: За некои излегувањето е катастрофа, за други убавото лице на ЕУ е голема лага

Без разлика дали ќе гласаат за или против на референдумот што на 5 јули ќе одлучи дали Грција го прифаќа или отфрла предлогот на меѓународните кредитори, повеќето млади Грци во напуштањето на еврото гледаат како големо збогум  наЕвропската унија. За некои тоа е ослободување, додека други гледаат пропаст на државата, но и личен.

Grci foto Milan Vukasinovic_1000x0

Хрисанти (23), идна медицинска сестра, ја следевме додека во една од централните атински улици лепеше плакати за вчерашниот собир на граѓани, кои на референдумот планираат да кажат „не“. Случајните минувачи ја охрабруваа.

– Мислам дека ова е многу важен момент. Пред нас е голема борба, како во Атина, така и во провинциите. Јас сум од Родос, но студирам тука. Гледам дека луѓето се преплашени, се чувствуваат немоќни. И јас се плашам иако сум подготвена да кажам „не“. Ако кажеме „не“, ќе дојде до уште поголема борба и ќе мора сите да се здружиме во заедничките акции. На факултет имам пријатели од Кипар, кои исто така се плашат. Тие знаат дека она што се случува тука може лесно да премине и кај нив. Но, мислам дека дефинитивно треба да одиме до крај, да излеземе од Унијата. Убавото лице на Европската унија кое ни го кажуваа кога бевме мали, од кога почнавме на училиште, е голема лага. Ако излеземе, ќе биде тешко, но ќе биде подобро – вели таа.

Додека Хрисанти е член на една од бројните и многу активни партии на левицата, Јоана (20), студент на француски, верува дека повеќето студенти, всушност, се склони кон десницата и вели дека нејзините пријатели мислат дека напуштањето на Унијата би било катастрофално за сите.

– Не се согласувам со сите работи кои ни ги наметнува Европа, особено Германија. И се разбира дека сум исплашена. Сакам следната година да одам во Париз на Еразмус, а тоа ќе биде навистина тешко ако работите останат вакви и ако банките останат затворени. Во никој случај не смееме да излеземе од Унијата, дури и ако го отфрлиме еврото. Се надевам дека одговорните лица нема да ја остават Грција во небрано и ќе најдат соодветни решенија – вели таа.

Од друга страна, постојат и оние меѓумладите кои се чувствуваат дека, без оглед на резултатите од референдумот, во Грција ништо нема да се промени.

Јоргос (27), кој работи во информатичката технологија, е еден од нив.

– Што да кажам? И ако кажеме „да“ и ако кажеме „не“, нема да има никаква разлика, тие ќе продолжат да крадат. Ова го смислија само да го исплашат народот. Велат дека со референдум луѓето го имаат влијанието, но лажат. Единствено решение е народот  директно да ја преземе власта во свои раце, да ги окупираат фабриките. Оваа игра трае со години и не постои друг начин за излез од тоа.

Извор: 24sata.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top