Општина Бутел почна со изградба на нов забавен парк во населбата Радишани, на улицата „Амди Демир“.
Како што информира Општина Бутел, на површина од околу 450 квадратни метри ќе никне нов забавен парк за најмладите. Ќе бидат поставени најразновидни детски реквизити, урбана опрема и мала фонтана.
Изведувач на работите е фирмата „Ексико“ од Скопје. За овој проект ќе бидат потрошени 2.200.000 денари од буџетот на Општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.