Општина Бутел соопшти дека го завршила пробивањето на новата улица „50“ во Радишани.
Како што посочуваат од Општината, станува збор за нов пат во тампонирана фаза во должина од 1.300 метри со широчина од 6 метри кој треба да биде алтернатива на улицата „Радишанска“, доколку дојде до нејзино блокирање од најразлични причини.
Од Општината информираат дека наскоро ќе следи и нејзино асфалтирање, а средствата за оваа улица се обезбедени од буџетот на општина Бутел во висина од 3,2 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.