Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека Грција ќе ги искористи сите правни средства за да избегне да биде исфрлена од еврозоната, доколку не биде постигнат компромис со европските институции.
– Грчката влада ќе ги искористи сите правни средства што и се на располагање – изјави Варуфакис за британски медиуми.
Тој додаде дека Атина секако ќе разгледа и обраќање до Европскиот суд за правда.
– Со европските договори не е предвидено излегување од еврозоната и тоа ние не го прифаќаме. За нашето припаѓање кон еврозоната нема преговори – изјави Варуфакис.
Грција и партнерите од еврозоната прекинаа со преговорите во саботата по објавувањето на Атина дека ќе организира референдум на 5 јули за предлозите на еврогрупата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.