На интернет се појави нова, досега невидена снимка од терористичкиот напад во Тунис во кој беа убиени 39 лица, пишува „Дејли мејл“.
Неименуван хотелски работник со мобилен телефон го снимил убиствениот поход на Сеифедин Резгуи, движејќи се позади него.
Во неверојатната снимка од 11 минути, работникот во еден момент дури успеал да го гаѓа со флаша терористот на ИСИС, додека тој ги бирал метите, наведува „Дејли мејл“.
Напаѓачот после масакрот беше убиен од еден полицаец, откако снајперистите промашиле неколку пати.
Туниските власти уапсија група на осомничени лица за кои се претпоставува дека соработувале со напаѓачот, соопшти министерот за внатрешни работи Нажим Гаршали.
Погледнете ја снимката:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.