Изненадувањата во Атлетико Мадрид продолжуваат, а најновата сензација е заминувањето на левиот бек Николај Маркусен во Катар. Дали на ред е простувањето и на македонскиот капитен Кире Лазаров ќе се знае наскоро, а кризата во Атлетико е очигледна. И покрај се тие одиграа извонредно во осминафиналето на Лигата на шампионите и со победничкиот гол на Лазаров го елиминираа Фуксе Берлин. Сепак финансиите се пред се, па корпулентниот Маркусен е пуштен да си оди во Катар, во Елјаиш и тоа во многу незгоден момент пред двомечот со Барселона во четвртфиналето на ЛШ. Потег што е нерационален, но „дупката“ во буџетот на Атлетико треба да се пополни. Ќе има ли трпение Кире Лазаров или и една од главните ѕвзеди на тимот ќе го следи примерот на Маркусен ќе се дознае наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.