Првата дама на Азербејџан, 50-годишната Мехрибан Алијева, е сигурно една од најубавите сопруги на светските претседатели. Прекрасната сопруга на претседателот Илхан Алиев, според многумина е вистинскиот владетел на оваа богата земја.
Мехрбиан Ариф Алијева е основач на фондацијата “Heydar Aliyev Fondation”, и сопруга на моменталниот претседател на Азербејџан, Илхам Алијев.
Кога во 200. година Алијева решила да се кандидира за пратеничко место во азербејџанскиот парламент, „Сандеј Тајмс” ја опишал како жена со огромно влијание, а нејзината фондација како моќна и богата институција која вложува во образованието.
Мехрибан Алијева, според “Викиликс” е родена во “најмоќното семејство во Азербејџан”.
Мехрибан и Илхам Алијев се венчале на 22 декември 1983 година. По венчавката продолжила со студиите, а “Tајмс” во 2005 ја опишал како успешен психолог и поранешен очен лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.