| четврток, 6 декември 2018 |

Сите имаат први дами, само Луксембург прв господин (ФОТО)

Додека претседателот на САД, Доналд Трамп, остварува средби со шефовите на влади на собирот на земјите-членки на НАТО, првата дама Меланија Трамп се среќава со нивните сопруги… или сопруг. Готје Дестен, сопругот на премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел, им се приклучи на сопругите на вечерата органзирана во рамките на конференцијата на НАТО во Брисел.

PARIS, FRANCE - MAY 05: (L-R) Prime Minister of Luxembourg Xavier Bettel and his husband Architect Gauthier Destenay attend the "Revelations" Fair at Balcon d'Honneur du Grand Palais on May 5, 2017 in Paris, France. (Photo by Bertrand Rindoff Petroff/Getty Images)

Премиерот Бетел (44) и белгискиот архитект Дестен стапија во граѓански брак во 2010 година, а се венчаа во 2015 година откако Луксембург ги одобри хомосексуалните бракови. Католикот Бетел стана првиот геј-премиер на Луксембург кој јавно зборува за својата сексуалност.

Сепак, тој не е единствениот геј-шеф на влада во светот, но е единствен во моментов – иста сексуална определба имаат и поранешната премиерка на Исланд, Јохана Сигурдардотир, и поранешниот премиер на Белгија, Елио ди Рупо, чиишто менадати завршија во 2013 и во 2015 година.

(Front row LtoR) First Lady of Turkey Emine Gulbaran Erdogan, First Lady of the US Melania Trump, Queen Mathilde of Belgium, (back row, LtoR) First Gentleman of Luxembourg Gauthier Destenay, partner of Slovenia's Prime Minister Mojca Stropnik and First Lady of Iceland Thora Margret Baldvinsdottir pose for a family photo before a diner of the First Ladies and Queen at the Royal castle in Laken/Laeken, on May 25, 2017, in Brussels. / AFP PHOTO / BELGA / YORICK JANSENS / Belgium OUT (Photo credit should read YORICK JANSENS/AFP/Getty Images)

Првиот господин на Луксембург вечераше во друштво на првите дами на САД Меланија Трамп, Франција Брижит Макрон, Турција Емине Ѓулбаран Ердоган, кралицата Матилда од Белгија, Ингрид Шулеруд, на Бугарија Десислава Радева, Амели Дербаудренгајн, Мојца Стропник и првата дама на Исланд, Тора Маргрет Балдвинсдотир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top