Првата дама на Франција е Брижит Троњо Макрон, која е 24 години постара од нејзиниот сопруг Емануел Макрон. Тој денеска на изборите во Франција освои убедливо повеќе гласови од неговата противкандидатска Мари Ле Пен.
Родена е како Брижит Мари-Клод Троњо на 13 април 1953 година во Аминес како најмлада од шестте деца на Симон и Жан Троњо кои биле сопственици на чоколатерија која го носела семејното име „Троњо“. Брижит по професија е наставик по литература, а во моментов предава во „Iycee Saint-Louis de Gonzague“ во Париз.
Податоците што протекоа за нивното минато и за тоа како се запознале го шокираа светот. Имено, таа му била наставничка во приватното католичко средно училиште што тој го посетувал во Еменс. Се запознале во одделението кога Макрон имал 15 години.
Па така, по ова, покрај тоа што Макрон е интересен за медиумите поради фактот дека беше независен кандидат со победата на изборите е најмладиот претседател по Наполеон, сега пикантериите околу него растат како погача.
Макрон често е на тапет на медиумите поради неговиот приватен живот.
Невообичената врска помеѓу Макрон и Троњо станала официјална кога тој наполнил 18 години. Во книгата што ја објавил во ноември минатата година – „Револуција“, самиот ја опишува аферата како „љубов често тајна, често криена и погрешно протолкувана“.
Брижит во тоа време била мажена и имала три деца, а со ученикот наводно се зближила додека заедно работеле на една училишна претстава.
-Заедно пишувавме една претстава и малку по малку ме воодушевуваше неговата интелигенција. Не беше како другите, вели Троњо во документарецот за телевизија „Франс 3“.
Како што пишува магазинот „Ле паризиен“, кој разговарал со поранешните другари од одделението на Макрон, тој бил нејзин миленик во одделението.
-Секогаш него го земаше за пример. Целосно ја шармираше неговиот талент за пишување. Тој постојано пишуваше песни, а таа ги читаше пред целото одделение, рекол пријател на Макрон од училишната клупа.
На крајот од школската година, тогаш 16-годишниот Емануел ја признал својата љубов кон наставничката. Секако, тоа не им се допаднало на неговите родители, кои наводно го натерале училиштето да го заврши во Париз, но парот останал во контакт.
Брижит се развела од сопругот и почнала да живее со Макрон кога тој наполнил 18 години. Се венчале во 2007 година, токму кога тој ја започнувал политичката кариера.
И самиот Макрон во неколку наврати нивната врска ја нарекол невообичаена, но силна. Токму благодарение на тоа, во екот на најавата за кандидатура и кампањата на крајот од минатата година, медиумите почнале да извлекуваат детали од нивната врска и станале редовна појава на насловните страници на таблоидите.
Пред околу еден месец рускиот портал Спутник објавил дека Макрон на големо го поддржува геј-лобито, а уште порано започнале озборувањата дека е во хомосексуална врска со радискиот уредник Метју Галет. Макрон ги отфрлил таквите наводи за хомосексуалност и за британскиот „Телеграф“ изјавил:
„Ако ви рекле дека водам двоен живот со господинот Галет, тоа е затоа што ми побегна холограмот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.