Европската полиција уапси повеќе од 500 лица и заплени повеќе од 2,8 тони кокаин, како и стотина возила во низа акции против организираниот криминал, соопшти денеска Европол.
Полициите на 28 земји-членки на Европска унија и други држави во периодот од 4 мај до 24 јуни покренаа акции во 260 места.
– Полициите и царините запленија 390 возила и речиси 1.300 тони украден метал, како и 110 килограми хероин- посочи Европол.
Операциите беа насочени кон трговијата со контејнери, трговците со наркотици кои во Европа пристигнуваат со авиони од Јужна Америка, како и кон „секојдневните“ пратки со дрога од Пакистан и од Авганистан.
Во операцијата се уапсени и неколку трговци со луѓе и откриено е засолниште за илегални емигранти во Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



