Опрема и нова хала со вредност од 4,2 милиони евра, како и педесет нови вработувања е последната инвестиција во велешката компанија Брако. Инвестициската програма ќе биде реализирана во текот на следните девет месеци, а е предвидено да биде изградена хала од 5.100 квадратни метри и набавка на соодветна опрема.
– Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година почнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и забрзано ги освојуваме странските пазари – изјави претседателот на Бордот на директори Кочо Анѓушев, кој додава дека оваа инвестиција е одговор на зголемените барања за нашата компанија, како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството.
Со новата опрема, од компанијата очекуваат да одговорат на производните стандарди на европските пазари.
Како специјализирана компанија за производство на жичени и ламаринени-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, Брако 96 проценти од целосното производство го извезува во 19 држави. Брако во моментов има 450 вработени во Велес и 70 во Панчево, а за првите девет месеци од оваа година има зголемен промет за 13 проценти споредбено со минатата година со производство на 30.000 тони финални производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Брако“ на Кочо Анѓушев за земените 2,5 милиони денари од психијатриската болница: Единствени сме што произведуваме медицинска опрема во земјава!
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места