| четврток, 6 декември 2018 |

Силно торнадо во Украина (ВИДЕО)

Untitled

Неколку села во областа Дњепорпетровск во Украина беа погодени од торнадо, јавува „Раша тудеј“.

Според локалното население, торнадото однело неколку покриви од куќи, дрвја, а рибите од реката биле исфрлени наоколу. Населението додава дека тие никогаш во животот не виделе такво нешто.

Најпогодено е селото Волоское во близина на Дњепорпетровск. Торнадото престанало за околу 15 минути, а населението останало во целосен шок. Локалното население вели дека таков временски феномен имаат видено само на телевизија, во емисии за Америка.

ukraina-se-pretvori-vo-kanzas-golemo-tornado-vo-oblasta-dnjeporpetrovsk-1.jpg-copy

Околу 30 куќи се многу оштетени, а покривот на една куќа бил најден цели шест километри подалеку од неа. Во торнадото од искршено стакло бил повреден еден повозрасен човек.

Торнадото откорна градби, но нанесе штета и на гасоводната мрежа.

Областа била погодена од истиот циклон што предизвика големо невреме во јужна Русија минатата недела, а беше погоден и олимпискиот град Сочи. Градот каде што минатата година се одржаа Зимските олимписки игри беше поплавен по неколкудневните поројни дождови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top