| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа пак го подобри пласманот на ВТА-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го подобри пласманот на ВТА-листата и со скок од 13 позиции сега е на 354. место во поединечна конкуренција.

На Ѓорческа ѝ се запишани нови 10 поени во однос на претходното рангирање за победата на турнирот во турскиот град Тарсус и на најновата ранг-листа има вкупно 106 поени.

Магдалена Стоилковска со 3 поени е втората Македонка на ВТА листата, која е на 1.228 место во поединечна конкуренција.

На врвот немаше промени, а прва на листата остана Серена Вилијамс, пред Петра Квитова, Симона Халеп, Марија Шарапова и Каролине Вознијачки.

lina gjorceska

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top