Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на сите водечки германски партии на кризен состанок денеска во Берлин, на кој ќе се расправа за кризата во Грција.
Шефовите и парламентарните лидери на сите партии застапени во германскиот Парламент, вклучувајќи ги и претставниците на зелените и на левицата, се повикани да присуствуваат на состанокот, пренесува Танјуг.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вчера изјави дека Меркел може да ја разреши актуелната криза, истакнувајќи дека таа го има клучот за решение.
– Владините лидери од ЕУ треба да дејствуваат. А меѓу нив таа (Меркел), како претставник на најважната земја, го има клучот. Се надевам ќе го искористи – изјави за „Билд“ Варуфакис.
Тој истакна дека неговата Влада е отворена за нови предлози по неуспешните преговори во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!