| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ги „вжешти“ телефонските линии во светот

Obama-and-Merkel-to-Talk-About-Spying-AllegationsСостојбата околу Грција ги вжешти телефонските линии. Во итен телефонски разговор, американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел се согласиле дека е „исклучително важно“ да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа.

-Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и дека ќе останат во тесна врска. Тие се согласија дека е исклучително важно да се вложат сите напори за да се најде начин, кој ќе и овозможи на Грција да продолжи со реформите и економскиот раст во рамките на еврозоната- се додава во соопштението на Белата куќа.

Американскиот министерот за финансии Џек Лиу ги повика европските колеги и Меѓународниот монетарен фонд да продолжат да работат заедно за „одржливо решение“ за спроведување на реформи во Грција и нејзиното враќање во рамките на еврозоната. Лиу разговарал по телефон со неколку високи функционери, вклучувајќи ги министрите за финансии на Германија и Франција и со директорот на ММФ Кристин Лагард. Тој им посочил дека е „важно сите земји да продолжат да работат за постигнување на решение, вклучувајќи и дискусија за потенцијално простување на долгот на Грција, за време на подготовките за референдумот на 5 јули“, се нагласува во документите на министерството за финансии на САД.

Грција вечерва и официјално објави дека објавува банкарски одмор и контрола на капиталот. Во своето обраќање пред нацијата премиерот Алексис Ципрас изјави дека активностите на Европската централна банка ја принудиле грчката државна банка да ги препорача овие мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top