| четврток, 6 декември 2018 |

Крадец го „поминал“ домот на најскапиот фудбалер во Македонија

goran-popovФудбалерот на Вардар, Горан Попов, бил ограбен. Минатиот викенд, за сега непознат сторител, провалил во домот на  фудбалерот.

Од таму ги однел телевизорот и стерео-уредот, штета што се проценува на околу 70 илјади денари.

Кражбата во полиција ја пријавил лично Попов.

Попов, според германскиот веб сајт „Трансфермакет“, е најскапиот фудбалер во Првата фудбалска лига на Македонија.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top