Популарната Тамара се омажи. Таа и избраникот на нејзиното срце кошаркарот Александар Димитровски Мачка, го кажаа судбоносното ДА.
Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше.
Информациите кои се однесуваа на подготовката на големата свадбена церемонија велеа дека Тамара била многу релаксирана во пресрет на венчавката. Таа порачала да ѝ се направат три венчални фустани, кои ќе бидат дело на тројца еминентни модни дизајнери. Вечерта, за време на прославата, планира да носи црвен фустан, а не класична венчаница, пренесоа блиски луѓе на невестата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.