Еден ден по терористичкиот напад во кој членовите на Исламската држава во познатото летувалиште Сус, кое се наоѓа 50 километри од престолнината на Тунис убија 39 лица, некои плажи покрај хотелот се пусти, а на други туристите се капат како ништо да не се случило.
На плажите може да се види цвеќе и свеќи, како и пораки за настраданите, но и засилени полициски единици.
Голем број туристи од различни европски земји се упатија кон аеродромот, прекинувајќи го летувањето, во страв од нови напади.
Сепак, некои туристи одлучиле да не го прекинат одморот, така што на плажите во Сус може да се забележат и капачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.