| четврток, 6 декември 2018 |

Се жртвувал да ја спаси свршеницата – добил три куршуми и инфаркт при нападот во Тунис

Млада двојка од Велика Британија е во центарот на интересирањето, откако Британецот се жртвувал себе за да ја спаси својата свршеница при нападот на терористите во Сус, Тунис.

sara-i-metju-dzejms1

Во него биле испукани три куршуми, а потоа добил и инфаркт.

Британецот Метју Џејмс (30) не се двоумел многу кога започнало пукањето и веднаш застанал пред својата свршеница за да ја заштити. При тоа добил три куршуми – во рамото, градите и колкот.

– Прими куршум за мене. Му го должам мојот живот бидејќи се фрли пред мене веднаш штом започна пукањето. Беше прекриен со крв и само ми кажа да трчам што подалеку за да преживеам. Ми рече дека ме сака и само да тргнам и на нашите деца да им пренесам дека ги сака. Не можев да го оставам да лежи, бидејќи пукањето и понатаму траеше. Сепак го послушав. Побегнав назад во хотелот, насекаде околу нас беше хаос. Во базенот пливаше мртво тело окружено со крв. Не можам да објаснам колку беше страшно бидејќи многумина ги загубија животите – изјави Сара.
Тие го посетиле Сус на две недели за да се одморат, а децата ги оставиле дома кај останатите од семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top