| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр на Исламската држава во Тунис (вознемирувачко видео)

Вознемирувачки снимки од одморалиштето Сус во Тунис, во кое вчера напаѓачи извршија масакр на плажа убивајќи 39 лица, почнаа да се шират по социјалните мрежи.

500panika

На снимките се гледа како луѓето од плажата панично бегаат кон хотелите, додека се слушаат истрели и извици.

Два хотели во централен Тунис беа нападнати вчера од двајца напаѓачи што вооружени со калашникови влегле на приватна плажа и отвориле оган.

Групацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз туниски хотел, во кој загинаа 39 лица, вклучуваќи и Британци и Германци.

– Нашиот брат, војникот Халифата Абу Ихија ал Кајруни ја достигна целта, хотелот Империјал и покрај мерките за безбедност – објавија приврзаници на ИД на Твитер и додадоа дека „тој убил 40 неверници“.

Во објавата се вели дека повеќето од убиените биле граѓани на „држави во крстоносниот сојуз, кои се во војна со калифатот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top