| четврток, 6 декември 2018 |

Одбрана фина на Давид Оспина (видео)

Argentina vs Colombia

Давид Оспина бранеше чудесно за Колумбија против Аргентина и беше играч број 1 на теренот во четвртфиналното дерби на Копа Америка, иако на крајот без насмевка на лицето замина во соблекувалната. Голманот на Арсенал имаше неколку магични интервенции, но попушти во пенал-серијата, па Аргентина ќе игра во полуфиналето.

Погледнете ја двојната одбрана во првото полувреме на Оспина, кога во иста акција ги спречи Агуеро и Пасторе да и донесат предност на Аргентина, а потоа и извонредниот рефлекс со кој не дозволи Отаменди да му ја затресе мрежата во второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top