| четврток, 6 декември 2018 |

Европа се подготвува за борба против тероризмот

Европската унија ќе разработи до јуни следната година план за зајакнување на европската безбедност и борбата против тероризмот, изјави вчера претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбеденост Федерика Могерини е ополномоштена да го претстави тој предлог на самитот на ЕУ во јуни 2016 година, изјави Туск, соопштувајќи ги резултатите од дводневниот самит на Унијата во Брисел.

Според Туск генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги имформирал лидерите на Унијата за новите закани во периодот на хибридната војна, светскиот тероризам и кибер нападите.

– Поради растот на предизвиците кон безбедноста лидерите одлучија дека на ЕУ и е потребна нова стратегија за меѓународна политика и политика на безбедност, додаде Туск.

Тој нагласи дека ЕУ треба да инвестира во сопствената одбрана за да се соочи со драматичните промени во сферата на безбедноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top