| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Среќен сум што пак ќе играм пред македонската публика

navivaci

Втора година по ред екипата на Барселона за која настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров ќе игра во група со македонски претставници во ракометната Лига на шампионите.

Капитенот на Македонија, Лазаров го искажа своето задоволство што каталонскиот тим повторно ќе дојде на гости во Скопје.

– Среќен сум што ќе бидеме во иста група со Вардар и што пак ќе играм во Македонија пред нашата публика. Вардар ќе биде поквалитетен од минатата година, ги дуплира позициите. Мислам дека со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат јака лига, затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е битна колку е силна, битно е да сме здрави и во форма од март до јуни. Повеќе или помалку, сите екипи ќе имаат победи и порази во групната фаза, поради новиот систем на натпреварување, вели Лазаров за групата која ја доби европскиот првак Барселона.

Каталонците ќе се обидат да ја одбранат титулата европски шампион, нешто што никому не му успеало, откако за титулата се решава преку завршен турнир во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top