| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски-Ричард: Македонија и Франција покажуваат интерес за развој на економската соработка

Премиерот Никола Груевски во рамки на економската посета на Париз се сретна со сенаторот Алаин Ричард кој е специјален претставник на француската Влада за економски односи со земјите од Балканот.

На средбата соговорниците ги истакнаа добрите политички односи меѓу двете држави, како и потенцијалот кој постои за динамизирање на економската соработка што треба да се искористи во наредниот период.

Двајцата се согласија дека Македонија и Франција покажуваат интерес за постојан развој и продлабочување на економската соработка.

Премиерот Груевски, како што информираат од владината прес- служба, го запозна својот соговорник со деталите и можностите за инвестирање во Македонија, како и со напорите и прогресот за создавање на добра бизнис клима, при што потенцираше дека соработката може да се одвива на повеќе нивоа и во повеќе области од заеднички интерес.

– Освен тоа што француските инвеститори се добредојдени, постојат и потенцијали за извоз на домашни производи на францускиот пазар, а тоа е добра можност и основа за продлабочување на економската соработка, истакна Груевски.

Соговорниците се согласија дека во наредниот период треба да се охрабрат двете држави и приватните субјекти за зголемена економска и трговска соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top