Деветгодишниот син на Србинката Маја Ш. бил сведок на крвавиот напад на плажата во Тунис. Во моментот кога почнале истрелите, малиот Вукашин пливал во морето.
Во Тунис бил на одмор со своите баба и дедо, а доцна синоќа пристиаа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Дедото Недељко Ковачев за „Блиц“ раскажал дека семејството биле сведоци на пукањето и убиството на еден од терористите.
– Престојувавме до хотлеот кој беше одма до луксузниот комплекс и во кој загинаа сите тие луѓе. Сопругата и јас бевме на базенот покрај плажата кога почнаа првите истрели, а внукот се капеше во морето. Тоа беше околу пладне. Мислев дека се туристи што фрлаат петарди, но веднаш дотрчаа вработените од хотелот и ни рекоа да се скриеме во собите, бидејќи таму ќе сме најбезбедни – раскажува Ковачев.
Во моментот стампедо од исплашени луѓе се упатило кон хотелот, а тој во таа маса се обидувал да го пронајде внукот. Недељко не успеал да го спречи момчето да ја види крвавата сцена на плажата, иако брзо го пронашол и заминале кон нивната соба.
– За среќа, тоа ни беше последниот ден од летувањето – вели Недељко.
– Го видов терористот. Беше во бела кошула и во костим за капење. Кога почна да пука, луѓето почнаа да бегаат, па мислев дека во водата има ајкула. Тогаш видов кога полицајците го убија. Доживеав голем шок – вели деветгодишниот Вукашин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет