| четврток, 6 декември 2018 |

Тевез ја заврши пенал-драмата за полуфинале на Аргентина

kolu

Карлос Тевез го погоди клучниот удар од белата точка за Аргентина во пенал серијата против Колумбија, вреден полуфинале.

Тевез влезе во игра како резерва и имаше доволно нерви да ја заврши долгата серија пенали со погодок, по кој „гаучосите“ ја елиминираа Колумбија.

Во регуларниот дел немаше погодоци, благодарение најмногу на голманот на Колумбија, Оспина, кој бранеше извонредно.

Пеналите донесоа вистинска драма, а Аргентинците на двапати не искористија удар за победа. До 3-3 пеналџиите беа сигурни, а потоа утна Мјуриел за Колумбија. Лавеци беше прецизен, исто како и Кардона, а пласманот на Аргентина во полуфиналето прв го промаши Билја. Утна и Запата, па Рохо не ја искористи втората меч топка, за решението да стаса во седмата серија.

Мурилјо шутна високо над голот на Ромеро, а Тевез ладнокрвно го совлада Оспина за триумф на Аргентина од 5-4 на пенали.

Во полуфиналето Меси и соиграчите ќе играат со подобриот од последното четвртфинале меѓу Бразил и Парагвај.

Во првото полуфинале ќе се судрат Чиле и Перу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top