Израелски министер ги повика денеска евреите во Франција да заминат да живеат во Израел, по џихадистичкиот напад близу Лион.
– Ги повикувам евреите во Франција – дојдете дома. Антисемитизмот се зголемува, тероризмот напредува, изјави министерот за прашања на имиграцијата Зеев Елкин, член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
– Тоа е национална мисија со највисок приоритет, додаде тој во соопштение.
Во Франција живеат околу 550.000 евреи, што е најголема еврејска заедница во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.