Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарните избори се наведени и во извештајот за почитувањето на човековите права во Македонија на американскиот Стејт департмен за минатата година. Наведено е дека проблемите со човековите права произлегуваат од корупцијата и од неуспехот целосно да се почитува владеењето на правото. При што се наведени слободата на медиумите , мешањето во судството, забелешките за судскиот систем. Во глобалниот извештај, во делот за Македонија се додава и дека прекршување на човековите права има и во затворите и менталните институции, потоа во ограничувањето на Ромите да ја напуштат земјата, пристапот до азил, дискриминација.
На извештајот на Стејт департментот во Владата се гледа како на дел од соработката со стратешкиот партнер и верува дека предизвиците содржани во него ќе бидат надминати преку реформите од усвоениот план за нови реформи за европските интеграции.
-Извештајот на Стејт департментот го гледаме како дел од нашата соработка со Соединетите Американски Држави кои се наш стратешки партнер во реализација на нашите цели за евроатлантски интеграции, истиот секогаш сме го почитувале и врз основа на него сме правеле многу реформи. И во годинашниот извештај за Република Македонија се забележуваат слични или исти, по обем и по квалификации, предизвици кои се карактеристични за овој регион, но и карактеристични и за некои од земјите членки на Европската Унија што може да се забележи бидејќи извештаите за сите земји се јавни. Ние веруваме и сме убедени дека преку реформите кои се содржани во владиниот План за нови реформи за европските интеграции ќе успееме во следниот период да ги унапредиме капацитетите, амбиентот и состојбите за тие предизвици да бидат надминати, а во тој процес на напредок ќе продолжиме блиску и тесно да соработуваме со САД- изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Корупцијата, немањето медиумска слобода, цензура и автоцензура, говор на омраза, дискриминација, се оценки кои во извештајот се наведени и за други држави на европскиот континент. Стејт департментот наведува дека во Полска има проблеми со ефикасноста на судството, а слободата на медиумите се ограничува со законот за кривично гонење на клеветата.
Изборни слабости се нотирани во Унгарија, па се префрла дека владејачка партија имала предност поради рестриктивни регулативи за кампањата, пристрасно известувањето на медиумите и не беа јасно одвоени активносите на владата и на партијата за време на кампањата, се вели во извештајот за Унгарија.
Проблеми со медиумите и нивната слобода се нотирани и во Бугарија, каде клучен проблем е корупцијата, која ја попречува способноста на владата и ја поткпува довербата на јавноста и на бизнисите во судството и во другуите владини институци. Корупцијата е проблем и во Шпанија, Чешка, Грција. Стејт департментот утврдил дека во Шпанија владините структури вршеле злоупотреби. Случаи на купување гласови пријавиле и некои невладини организации за време на изборите во Чешка.
Стејт департменот за состојбата во Германија наведува корупција, насилство и дискриминација. За нарушување на човековите права критики се упатуваат и до хрватските власти како и за непочитување на малцинствата во земјата. Во извештајот на Стејт департментот за Грција е посочено дека “иако Уставот и законите дозволуваат право на здружување, владата продолжува да им наметнува ограничувања на здруженијата на граѓани кои се идентификуваат како етнички Македонци“.
Во Србија се дискриминацијата и социјалното насилство против претставниците на малцинствата, особено Ромите, а потенцирано е и малтретирањето на новинари и вршење притисок во насока на автоцензура, како и корупција во сферата на здравството, образованието и некои органи на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


