Шпанскиот фудбал го тресе огромен скандал откако претседателот на Фудбалската Федерација на оваа земја, Анхел Марија Вилјар, денеска е притворен заедно со неговиот син Горка и со уште неколку лица.
Припадници на полицијата утрово влегле во канцелариите на Шпанската Фудбалска Федерација и го притвориле првиот човек на шпанскиот фудбал, воедно запленувајќи и значаен дел од документацијата.
Неофицијално, истрага се однесува на проневера на фондови на федерацијата и потпишување на штетни договори со компании кои секогаш биле блиски до синот Горка Вилјар.
Анхел Марија Вилјар цели 29 години е претседател на Шпанската Фудбалска Федерација, функција на која нов четиригодишен мандат пред само два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.