| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачки фотографии од терористичкиот напад во Тунис

29FF40FF00000578-3140454-image-m-11_1435321289633

Најмалку 27 лица загинаа во нападот врз два хотела во тунискиот град Су, каде што престојувале, главно, странски туристи, соопшти Министерството за внатрешни работи на Тунис.

29FF232C00000578-3140454-image-a-1_1435319960702

Инцидентите се случија откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Според дел од западните медиуми, во регионот на нападнатите хотели се слушаат истрели.

29FF345F00000578-3140454-image-a-9_1435320601715

– Операцијата за ликвидирање на напаѓачите продолжува – изјави портпаролот на туниското МВР, Мохамед Али Аруи.

Според туниските медиуми, еден од нападнатите хотели е „Империјал Мархаба“. Меѓу загинатите има туристи од Германија и од Велика Британија.

29FF410900000578-3140454-image-m-13_1435321334608

Туниското МВР соопшти дека меѓу убиените се наоѓа најмалку еден од напаѓачите, а до телото е пронајден автомат „калашников“.

29FF459900000578-3140454-image-m-29_1435322253760

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top