Во војничка униформа, на железничката станица каде што го чекаат сопругата и трите деца – Ѓорги Крстевски по долго време се појави со нова песна и видеоспот. Кантавторот е комплетен автор на песната „Домот светост е“, а тој е и режисер на видеото.
– Прво ти доаѓа музиката, па ти се вртка некоја мисла со текст, потоа го пишуваш, допишуваш. Во меѓувреме почнуваш да го „слушаш“ аранжманот во глава, со сите инструментални делници, и сè си има, и ритам, и хармонии, целиот звук. Седнуваш да го работиш за да не го слушаш само ти, и само во твојата глава, туку да добие и реален звук. Снимаш и сè така како што веќе постои сè уште само во твојата визија, потоа одненадеж ти доаѓа целата идеја за спотот и седнуваш да го работиш сценариото, ги разработуваш и црташ сите сцени. Потоа сосема случајно сретнуваш прекрасна девојка, која ја прифаќа твојата покана да биде дел од видеото, ги избираш локациите. На снимањето имаш предизвик да бидеш и актер и режисер и многу други работи, но сето тоа е задоволство затоа што снимаш со три мали златни дечиња. Така со многу труд и малку среќа се поминува низ смеа и сите се задоволни. Потоа монтажа, а во меѓувреме го работиш и миксот за аудиото и не застануваш, сè додека сè не изгледа и звучи барем 90 проценти од тоа како звучеше и изгледаше на самиот почеток во твојата визија. На крај, се надеваш дека опевањето на семејните вредности, кои сè помалку знаеме да ги цениме, а се толку битни за развојот на децата и на меѓучовечките односи и се столб на едно општество, ќе ѝ се допаднат на твојата ценета и верна публика, која искрено и со цело срце ја сакаш – вели Крстевски.
Песната и видеоспотот на Кристевски се субвенционирани од Владата, според Законот за поддршка на домашната музика, во категоријата песни што ги промовираат семејните вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)