Новак Ѓоковиќ има незгоден ривал на стартот од новото издание на Вимблдон, а против него во првата рунда ќе игра Филип Колшрајбер. Турнирот во Лондон почнува в понеделник, а финалето е закажано за 11 јули.
Ждрепката одреди во нов интересен меч да се судрат Роџер Федерер и новата босанска тениска надеж Дамир Џумхур, додека третиот главен кандидат за титулата, Рафаел Надал ќе игра со Бразилецот Томас Белучи.
Британската надеж Енди Мареј на стартот ќе ги одмери силите со Кукушкин.
Добра вест за актуелниот шампион Ѓоковиќ е што на спротивната страна од костурот се и Надал и Федерер и Мареј, па со нив би можел да игра само во финалето. Но, за нов триумф на Вимблдон најдоброрангираниот светски тенисер, сепак, ќе треба да се помачи бидејќи уште од стартот има незгоден ривал, а потоа веројатно ќе следуваат и дуели со Раониќ и со Вавринка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.