| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно исламистички напад во Франција – обезглавен човек, повеќе повредени

Денес во напад на француска фабрика во Гренобл еден чоек е обезглавен, а повеќе се повредени, пренесува „Ројтерс“.

Во фабриката прво одекнала силна експлозија, а напаѓачот го носел знамето на ИСИС, јавуваат француските медиуми.

Фабриката е во сопственост на „Air Products“, која се занимава со продажба на резервоари за гас. Според последните извештаи, едно лице е уапсено.

„Ал Џезира“ објави дека напаѓачот влегол во фабрика и активирал голем број помали експлозивни направи. Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казанец, изјавил дека веднаш ќе се упати кон местото на злосторството.

Овој напад се случи речиси шест месеци по исламистичките напади врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз.

Повеќе детали се најавуваат наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top