Јувентус веќе го продал чилеанскиот ас Артуро Видал, тврдат шпанските медиуми, но не откриваат кој ќе биде следниот клуб на популарниот Воин.
Работата е веќе завршена и Видал ќе го напушти Торино, а се чека крајот на Копа Америка за официјално да се соопшти новиот клуб. Видал со Чиле ќе игра во полуфиналето на јужномаериканскиот шампионат, и тоа против Перу, па сосема е можно како првак на својот континент да се пресели во Мадрид во редовите на Реал, или во Лондон кај Арсенал, а се спомнува и Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



