| четврток, 6 декември 2018 |

Стари возила го преплавија Косово

возила

Патиштата во Косово и понатаму се полнат со стари автомобили, пишуваат косовските медиуми.

Владината одлука, која дозволува увоз на возила постари од тринаесет години, предизвика бројот на старите автомобили увезени од разни земји, главно европски, постојано да расте.

Само во првите пет месеци од оваа одина во Косово увезени се шест илјади стари автомобили, од кои државата инкасирала 14 милиони евра. Во истовреме во оваа земја увезени се само 466 нови автомобили, кои на државата и донеле приход од 1,7 милиони евра.

– Лани беа увезени повеќе од 16 илјади автомобили од кои во државниот буџет влегоа над 36 милиони евра. Најмногу од увезени автомобили се од познати германски марки, потоа следуваат француските, па јапонските марки автомобили- потврдуваат од Царинската управа на Косово.

При увозот сопственикот треба да плати царина, ДДВ, акциза а потоа да изврши хомологација, осигурување на автомобилот, да плати еколошка, патна, комунална таска, сообраќајна дозвола и таблички. Сепак сопственикот на возилото не ќе може да го вози купеното возило додека најпрво не се потврди дека платил данок на имот во општината во која живее.

Увозот на стари возила во Косово е во постојан раст, а продолжувањето на важноста на владината одлука за понатамошен нивен увоз, според граѓанските асоциации причинува голема штета врз земјата од апсект на загадување на животната средина и зголемувањето на опасноста од сообраќајки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top