Двајца загинале, а еден е тешкоповреден при пад на мал спортски авион пред плажа во близина на Сплит. Несреќата се случила вчера попладне кај Каштел Штавилиќ.
Авионот на компанијата European Coastal Airlines (ECA) во кој имало три лица се урнал од засега непознати причини точно пред плажата на хотелот „Ресник“, едвај избегнувајќи да предизвика голема катастрофа удирајќи во многубројните туристи и капачи кои во тој момент биле таму.

Туристите и локалното население веднаш пришле да помогнат, но двајца во авионот веќе биле мртви.
Според информациите на хрватските медиуми, авионот служел како репрезентативно летало и не бил користен за комерцијална употреба. Во моментот на падот со авионот управувал пилот на обука, а од полетувањето до уривањето поминале четири минути. Очевидци тврдат дека авионот пред да се урне во водата со крилото удрил во настрешницата на хотелот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


