| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 134 лица ранети во судирите во Кобане се префрлени во Турција

Вкупно 134 лица ранети во судирите во сирискиот курдски град Кобане, се пренесени денеска во Турција, соопшти турскиот вицепремиер Хуман Куртулмуш.

Kurdish-Islamic State conflict Kobane

– Четворица од ранетите починале, посочи вицепремиерот и додаде дека состојбата на повеќето од ранетите е тешка.

Групацијата Исламска држава денеска повторно успеа да влезе во Кобане, кој се наоѓа во близина на границата со Турција и води борби со курдските борци во центарот на сирискиот град.

Групацијата изврши три самоубиствени напади во период од неколку часа.

Според информациите на весникот „Милиет“ бројот на загинатите во Кобане е околу 40 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top