„Газпром“ планира изградбата на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“ и третата и четвртата линија од „Северен тек“ да бидат извршени под услови на проектно финансирање, изјави пред новинарите финансискиот директор на компанијата Андреј Круглов, пренесува ТАСС.
Круглов нагласи дека за изградбата на двете нови линии од „Северен тек“ ќе треба да биде создадена проектна компанија.
Проектно финансирање на инфраструктурни објекти подразбира кредитирање со ограничена поддршка, чијашто исплата зависи единствено од средствата генерирани од самата инфраструктурна инвестиција.
Според Круглов, „Газпром“ има доволно средства за изградба на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“. Сепак, финансискиот директор на „Газпром“ не посочи конкретни суми за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.