Проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“ е запрен, изјави мнистерот за енергетика на Русија, Александар Новак.
– Преговорите за „Турски тек“ се прекинати. Продолжуваат преговорите за изградба на нуклеарна електроцентрала во Турција – истакна Новак.
Рускиот министер вели дека не е неопходно да се намалува производството на нафта и дека не очекува членките на ОПЕК да ги изменат квотите на утрешната средба во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.