Папата Франциск изјави дека понекогаш разделбата меѓу сопружниците е неизбежна, па дири и морално потребна за да се заштити послабиот брачен партнер или децата.
Тој истакна дека некои брачни двојки, кои минуваат низ криза, можат да ги надминат проблемите, но тоа не го можат сите.
– Постојат случаи каде разделбата е неизбежна. Понекогаш тоа е и морално неопходно, посебно кога треба да се заштити послабиот брачен партнер или малите деца од сериозни повреди кои се последица на ароганција, насилство, понижување, искористување и рамнодушност – вели папата Франциск.
Пред одржувањето на состанокот на Синодот во октомври, поглаварот на Римокатоличката црква има дадено повеќе изјави на тема семејство, за што ќе разговараат и бискупите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран