Во продолжение на вечерта ќе настапат финалистите од овогодинешниот „Икс-фактор“: Боби Мојсовски, Давид Темелков, Ива Чуриќ и „9Control“, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на „Евровизија“, Даниел Кајмакоски. Оваа вечер на главната бина ќе настапуваат и „Куку леле“.
Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот ќе настапат диџеите Бранчез, Жак и Кокс.
Следниот ден дневната програмата продолжува пред платото на Музејот на Град Кратово, каде што ќе настапат: Тамбураши, Чалгии, како и локални музичари.
Потоа настанот се префрлува на главната бина, каде што во вечерните часови од 20:30 ќе настапи етносоставот „Чалгија саунд систем“.
Веднаш потоа е настапот на Елена Ристеска, која ќе биде најава за „Бајага и инструктори“.
И оваа вечер најиздржливите ќе можат да уживаат во забавата на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот за атмосферата ќе бидат задолжени диџеите Боби и Жак.
Последниот ден, во недела во 12:00 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово ќе настапуваат хорот и солисти на „Златно славејче“ заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, а по нив манифестацијата ќе продолжи на малата сцена пред домот на културата.
Елена Ристеска Ве кани на Златни Денови Кратово 2015 🙂
Posted by Zlatni Denovi Kratovo on четврток, 25 јуни 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)