Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четврт-финалето на ИТФ фјучес-турнирот вреден 10.000 долари во Прокупље.
Во второто коло Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, славеше против аргентинската тенисерка Ана Викторија Гоби во два сета со 6-3,6-3.
Нашата тенисерка денеска попладне ќе ги почне и натпреварите во двојки. Во тандем со Австралијката Нанчаров ќе се бори за пласман во полуфиналето на турнирот во Прокупље.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.